На 06.02.2026 во 11:25 часот, 76-годишна жена од Битола пријавила измама во СВР Битола.
Според пријавата, непознато машко лице ѝ се јавило на телефон и се претставило како лекар, тврдејќи дека нејзината внука била тешко повредена во сообраќајна несреќа и дека е потребно да се дадат пари за спас на животот.
Жената заедно со сопругот изнеле 7.000 евра и ги предале на лице кое ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена и дека нејзината внука не била учесник во сообраќајна несреќа.
СВР Битола презема мерки за расчистување на случајот.

















