Во студентскиот дом на Медицинскиот универзитет во Уфа, Русија, неколку лица се повредени во напад со нож, јавуваат локални медиуми. Според првичните информации, најмалку две лица се здобиле со тешки повреди, а други неколкумина се хоспитализирани со умерено сериозна здравствена состојба.
Меѓу повредените има и дете, кое е пренесено на лекување во градска болница. Нападот го потврди официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волкова, која изјави дека во инцидентот бил ранет и еден полицаец.
Осомничениот, роден 2002 година, е приведен од полицијата. Очевидци тврдат дека можеби учествувале две лица; едниот бил брзо совладан, додека другиот кратко време држел заложници во една од просториите.
Повредените биле евакуирани со помош на студентите, а надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно расветлување на случајот.

















