ПРВ.мк
Балкан

Жесток напад во центарот на Солун: Над 300 приведени - ова се деталите!

Жесток напад во центарот на Солун: Над 300 приведени - ова се деталите!
Kristal

Центарот на Солун синоќа беше сцена на интензивни судири меѓу полицијата и група маскирани лица, кои започнале напад пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“.

Според локалните власти, во немирите еден полицаец се здобил со изгореници на главата и вратот, а хоспитализирана е и 21-годишна девојка поради вдишување на солзавец. Полицијата приведела над 300 лица, а повеќе паркирани возила во околината биле оштетени.

Инцидентите започнале околу 02:00 часот по полноќ, кога група лица излегла од факултетот и фрлала молотови коктели кон единицата за разбивање немири. Полицијата одговорила со зашеметувачки гранати, солзавец и водени топови.

Поради интервенцијата, главниот булевар „Егнатија“ беше затворен за сообраќај околу шест часа, предизвикувајќи големи застои и целосна парализа на центарот на градот до раните утрински часови.

Локалните власти најавуваат дека истрагата за настаните продолжува и дека ќе се преземат дополнителни мерки за обезбедување на јавниот ред.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo