ПРВ.мк
Свет

Тензии на линијата: Украински дронови погодиле хемиска фабрика - ова се деталите!

Тензии на линијата: Украински дронови погодиле хемиска фабрика - ова се деталите!
Kristal

Украинските медиуми, повикувајќи се на извори од Безбедносната служба на Украина (СБУ), известуваат дека украински беспилотни летала во текот на ноќта погодиле хемиска фабрика во Редкино, северозападно од Москва.

Фабриката произведува компоненти за ракети Х-55 и Х-101, како и адитиви за дизел и млазен керозин. Според извештаите, целта била Експерименталната хемиска фабрика Редкино (РОЗ), која е ставена под санкции на САД и Велика Британија.

Локалните власти, цитирани од рускиот канал „Астра“ на Телеграм, потврдија дека пожарот, кој избувнал „по падот на дронот“, е веќе ставен под контрола. Вршителот на должноста гувернер на Тверската област, Виталиј Королев, изјави дека нема повредени и дека производството на фабриката не е нарушено.

Ракетите Х-101 се меѓу оние што Русија ги користела во неодамнешните големи напади врз Украина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo