ПРВ.мк
Топ Вести

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Мицкоски потврди исплата на К-15 - ова е клучниот датум!

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Мицкоски потврди исплата на К-15 - ова е клучниот датум!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево потврди дека вработените во јавната администрација ќе го добијат К-15, регресот за годишен одмор, и нагласи дека ќе има флексибилност во трезорот за да се обезбедат исплатите до крајот на 2025 година. Тој негираше дека постои можност за затворање на буџетот без завршување на овие исплати.

До крајот на годината, секој работник ќе добие задолжителен износ од околу 18.000 денари (околу 300 евра). Минималниот законски износ за К-15 изнесува 40% од просечната плата, додека максималниот може да достигне 100% од просечната плата.

  • За приватниот сектор, минималниот К-15 годинава изнесува 18.141 денари.
  • За јавниот сектор, минималниот К-15 изнесува 12.372 денари.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на календарската година и е задолжителен за сите вработени кои најмалку 6 месеци работеле кај истиот работодавач.

Ако работниците не го добијат законскиот минимум за К-15, можат да поднесат пријава во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Оваа одлука ги опфаќа сите вработени во јавната администрација, со тоа што износот е помал за околу 100 евра во споредба со оној кој се исплаќа во приватниот сектор.

FixCredit
Escape