ПРВ.мк
Црна Хроника

СКОПЈЕ ПОД АЛАРМ: Полицијата заплени голема количина пиротехника - МВР со детали!

СКОПЈЕ ПОД АЛАРМ: Полицијата заплени голема количина пиротехника - МВР со детали!
Kristal

Денеска, 14.12.2025 година, полициски службеници од ПС ОН Бит Пазар извршија контроли во рамки на оперативната акција „Пиротехника“ на повеќе локации во Скопје.

Околу 10:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ биле затекнати две импровизирани тезги на кои биле изложени и пронајдени 876 парчиња различни пиротехнички средства.

Подоцна, околу 14:00 часот, при контрола на ул. „192“, полициски службеници откриле уште една импровизирана тезга со 2.496 различни пиротехнички средства, кои исто така биле одземени.

Се преземаат мерки за идентификација на лицата кои го вршеле нелегалното продавање, а по комплетирање на активностите ќе следуваат соодветни поднесоци.

FixCredit
Escape