ПРВ.мк
Свет

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ: ЕУ се повлекува од забраната за бензин и дизел - што се крие зад оваа ослука?

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ:  ЕУ се повлекува од забраната за бензин и дизел - што се крие зад оваа ослука?
Kristal

Европската унија ја отфрла претходно најавената целосна забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување во 2035 година. Наместо тоа, се воведуваат пофлексибилни правила за намалување на емисиите на CO2 од автомобилите, потврди претставник на ЕУ за германскиот весник Bild.

Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, изјави дека новите правила ќе бараат намалување на емисиите за 90 проценти за новите возила од 2035 година, наместо за 100 проценти како што беше претходно предвидено. Исто така, нема да има цел од 100 проценти од 2040 година па натаму, што практично значи дека забраната за мотори со внатрешно согорување е укината.

Ова значи дека на европскиот пазар од 2035 година ќе продолжат да се продаваат хибридни, plug-in хибридни и електрични модели, но и бензински, па можеби и дизел автомобили. На пример, Volkswagen ќе продолжи да нуди Polo со хибриден систем, Golf и Tiguan со plug-in хибрид, како и електрични модели од серијата ID.

Вебер посочи дека оваа одлука испраќа важен сигнал до автомобилската индустрија и ќе помогне во зачувување на десетици илјади работни места во секторот. За потсетување, Европската комисија во 2022 година претходно објави дека сите нови мотори на автомобили и комбиња треба да имаат нула емисии на CO2 до 2035 година, што би ја забранило продажбата на бензински и дизел модели.

Производителите и некои влади во ЕУ, вклучувајќи ги Германија и Италија, инсистираа на поблаги регулативи, истакнувајќи дека клиентите треба да имаат слобода на избор.

FixCredit
Escape