Од 17:30 часот граничниот премин Богородица (Евзони) е затворен за сите возила, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).
Во меѓувреме, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на возилата на патиштата надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од појава на одрони. Особено внимание се советува на патиштата: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
















