ПРВ.мк
Топ Вести

УЧЕНИЦИ ПРЕД СУД: Пет деца обвинети за инцидент во училиште во Сарај - еве каква казна ги очекува!

УЧЕНИЦИ ПРЕД СУД: Пет деца обвинети за инцидент во училиште во Сарај - еве каква казна ги очекува!
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против пет малолетници, поради извршено кривично дело – Насилство, предвидено во член 386 од Кривичниот законик.

Сите петмина сторители се на возраст од 14 и 15 години. Тие, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници.

Инцидентот се случил на 12 декември во дворот на Основното училиште „Дитурије“ во Сарај. Двете жртви, додека си оделе кон дома, биле пресретнати од напаѓачите на излезот од училишниот двор. Стотиите ги нападнале со тупаници и клоци по главата и телото. Едното дете се здобило со површинска рана на главата, додека другото дете претрпело тешки телесни повреди – контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело.

Насилството предизвикало чувство на несигурност и страв и кај другите деца кои во тој момент излегувале од училиштето.

Имајќи ја предвид возраста на сторителите, јавниот обвинител предложи судијата да определи мерки на претпазливост за обезбедување непречено водење на постапката. Мерките вклучуваат:

  • редовно јавување во суд,
  • одземање на патната исправа,
  • забрана за приближување и остварување какви било контакти со оштетените деца.

Овие мерки имаат за цел да го заштитат процесот и безбедноста на двете жртви, како и на останатите деца во училиштето.

FixCredit
Escape