ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО: Две деца меѓу повредените - еве во каква состојба се!

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО:  Две деца меѓу повредените - еве во каква состојба се!
Kristal

Во саботата вечерта околу 20:00 часот, на делницата од Гостивар до Тетово, пред селото Палчишта, се случи сериозна сообраќајна несреќа во која се повредија пет лица, меѓу кои две деца.

Несреќата се случила при судир меѓу автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 23-годишен жител на селото Урвич, и автомобил „Мерцедес“ со австриски национални ознаки, управуван од 27-годишник од селото Пирок, Тетовско.

Според МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на „БМВ“, С.Х., и сопатникот од „Мерцедес“, Р.С. (52) од Пирок. Со полесни телесни повреди се здобиле возачот на „Мерцедес“ и сопатниците Т.С. (29) од Австрија, како и двете деца.

Повредените биле пренесени и констатирани во Клиничка болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

МВР продолжува со истрага за причините и околностите што довеле до овој сериозен сообраќаен инцидент.

FixCredit
Escape