ПРВ.мк
Топ Вести

ЕМОЦИИ ШТО ДОПИРААТ СРЦЕ: Ќерката на Шумахер ја сподели фотографијата со татко ѝ – јавноста во солзи!

ЕМОЦИИ ШТО ДОПИРААТ СРЦЕ: Ќерката на Шумахер ја сподели фотографијата со татко ѝ – јавноста во солзи!
Kristal

Поминаа повеќе од 12 години откако легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, претрпе тешка повреда на мозокот за време на скијање во Франција во декември 2013 година. По несреќата, тој беше ставен во индуцирана кома, а од тогаш неговото здравје и приватниот живот се строго чувани од семејството. Јавноста добива само повремени, ограничени информации за неговата состојба.

Сега, неговата ќерка Џина на Инстаграм сподели носталгична семејна фотографија од детството, на која се гледаат Михаел, мајката Корин, таа и нејзиниот брат Мик.

Покрај фотографијата, Џина упати емотивна порака: „Најдоброто засекогаш. Среќен роденден, тато.“

Следеа бројни коментари од обожаватели: „Шуми, се надеваме дека ќе те видиме повторно еден ден“, „Тој е сè уште нашиот најголем херој и легенда“ и „Најдобриот возач на Ф1 досега во историјата. Ни недостигаш“.

Фотографијата и пораката предизвикаа силна носталгија и емотивни реакции меѓу фановите на Шумахер ширум светот.

FixCredit
Escape