На Граничниот премин Табановце, вчера попладне, полициски службеници го лишиле од слобода О.А. (27) од Турција, соопшти МВР во дневниот билтен. При обид за напуштање на државата, лицето не поседувало никакви документи.
По извршени проверки, било утврдено дека Интерпол по него распишал меѓународна потерница и дека тој е баран за издржување на затворска казна од осум години.
О.А. веднаш бил пренесен во прифатен центар за странци во Скопје, каде ќе продолжи понатамошната постапка според законските прописи.
















