ПРВ.мк
Топ Вести

НОВО ОТКРИТИЕ: Дали може да се почувствува земјотрес во Авион?

НОВО ОТКРИТИЕ: Дали може да се почувствува земјотрес во Авион?
Kristal

На Земјата секоја година се регистрираат над еден милион земјотреси, но поголемиот дел од нив минуваат незабележано за луѓето. Само околу 30 од овие потреси годишно предизвикуваат човечки жртви. Но, можеби некогаш сте се запрашале – дали земјотресот може да се почувствува додека сте во авион?

Научниците објаснуваат дека кога сеизмичките бранови ја напуштаат Земјината кора и влегуваат во атмосферата, тие се претвораат во звучни бранови. Сепак, овие бранови обично се под опсегот на звукот што човекот може да го слушне (помалку од 20 херци), па остануваат незабележани.

Татнежот кој го слушаме при земјотрес доаѓа од сеизмички бранови кои се движат низ цврсти материјали, како карпи или бетон. Со текот на времето и растојанието, овие бранови ја губат својата енергија, па нивниот интензитет значително слабее кога патува низ воздухот.

Поради тоа, дури и ако сеизмичките бранови успеат да стигнат до висината на којашто летаат комерцијалните авиони – околу 11 километри – тие се толку ослабени што не можеме ниту да ги слушнеме над бучавата на моторите, а уште помалку да ги почувствуваме како вибрации.

Значи, при следниот лет, може да бидете сигурни – авионот е целосно безбеден и земјотресите не можат да го почувствувате високо во воздухот!

FixCredit
Escape