ПРВ.мк
Топ Вести

НЕОЧЕКУВАНА ОДЛУКА: БиХ ја зголеми старосната граница за воена служба - еве до колку години е сега!

НЕОЧЕКУВАНА ОДЛУКА: БиХ ја зголеми старосната граница за воена служба - еве до колку години е сега!
Kristal

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ја усвои измената на Законот за професионална воена служба. Со новите одредби, максималната возраст за работа во вооружените сили се зголемува од 40 на 45 години, пренесува регионалната телевизија Н1.

Измените беа разгледани на вонредна седница и предложени од делегатот Џемал Смаиќ. Новата граница важи за војниците кои ги исполнуваат потребните психофизички стандарди за служба.

Во образложението, Смаиќ нагласи дека армијата на БиХ се соочува со сериозен недостиг на кадар, и дека продолжувањето на старосната граница ќе помогне да се одржат оперативните способности. Тој посочи дека ова ќе овозможи подобро искористување на постоечките ресурси и ќе ја зајакне стабилноста на одбранбениот систем.

Законот, исто така, овозможува војниците да продолжат со професионалниот ангажман под строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност, без компромис во безбедноста и ефикасноста на службата.

FixCredit
Escape