ПРВ.мк
Македонија

Ревизија откри сериозни пропусти: Застареле предмети, изгубени над 2 милиони евра казни

Ревизија откри сериозни пропусти: Застареле предмети, изгубени над 2 милиони евра казни
Kristal

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни пропусти во работењето на Министерството за економија и труд за 2024 година, особено во делот на процесирањето на прекршочните предмети, управувањето со јавните набавки и ИТ-безбедноста.

Според наодите од ревизијата, Одделението за прекршочна, судска и управна постапка, како и Прекршочната комисија, не постапувале навремено и согласно законските обврски. Поради застареност на барањата за поведување прекршочна постапка, биле донесени вкупно 1.534 решенија за запирање на прекршочни постапки.

Како последица на овие пропусти, државниот буџет останал пократок за околу 2.078.000 евра, средства кои требало да бидат наплатени по основ на изречени прекршочни казни.

Ревизорите дополнително укажуваат и на сериозен безбедносен инцидент. Во септември 2024 година, софтверот за управување со прекршочни предмети бил цел на неовластен, таргетиран сајбер-напад, при што дошло до целосно губење на податоците, кои, според извештајот, не можат да се вратат.

Во извештајот се наведува дека ваквите состојби укажуваат на слабости во внатрешните контроли, недоволна организација и сериозни ризици за функционирањето на системот за наплата на прекршочни казни.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape