ПРВ.мк
Македонија

ДОБРА ВЕСТ: Општина Росоман со парична поддршка за новороденчиња - еве колку изнесува!

ДОБРА ВЕСТ: Општина Росоман со парична поддршка за новороденчиња - еве колку изнесува!

Општина Росоман денеска реализираше исплата на финансиска помош за родители на новородени деца.

Градоначалникот Ѓорѓи Крстевски преку Фејсбук соопшти дека секој родител кој навремено поднел барање добил по 12.000 денари.

„Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во иднина, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел поголема поддршка за младите семејства. Грижата за најмладите е инвестиција во иднината на нашата општина“, истакна Крстевски.

Најнови вести