ПРВ.мк
Свет

ЖИВОТОТ Ѝ Е КАКО ФИЛМ: Се омажила за осуден силувач, удрила службеник во американска амбасада, а нејзиното признание за мртовечница ја шокираше јавноста

ЖИВОТОТ Ѝ Е КАКО ФИЛМ: Се омажила за осуден силувач, удрила службеник во американска амбасада, а нејзиното признание за мртовечница ја шокираше јавноста

Француската актерка Беатрис Дал со децении важи за едно од најнеконвенционалните имиња на европската кинематографија. Светската слава ја стекна со улогата на Бети во култниот филм „Бети Блу“, но нејзиниот бурен приватен живот често привлекуваше исто толку внимание колку и филмските улоги.

Родена е во Брест во 1964 година, а на само 15 години го напуштила семејниот дом и заминала во Париз. Таму се заинтересирала за панк-културата, а нејзиниот живот се променил кога случајно била фотографирана на улица. Фотографијата завршила на насловната страница на списанието „Photo“, по што била забележана од кастинг-директорот Доминик Беснеар и ја добила улогата што ќе ја прослави.

Дал никогаш не се вклопувала во класичниот имиџ на филмска ѕвезда. Црната облека, тетоважите, карактеристичниот изглед и бунтовничкиот став станале дел од нејзиниот препознатлив стил.

Нејзиниот љубовен живот бил подеднакво бурен. Првиот брак со сликарот Жан-Франсоа Дал траел три години, а подоцна била во долгогодишна врска со францускиот рапер Џоистар.

Најголемо внимание, сепак, предизвикал нејзиниот брак со Гвенел Мезијани, кого го запознала додека тој издржувал затворска казна за силување. Двојката се венчала во 2005 година, но подоцна се развела. Дал тврдела дека нивниот однос станал насилен и го опишала бракот како „катастрофа“.

Актерката во текот на годините имала и повеќе проблеми со законот. Во 1992 година добила условна казна поради кражба на огрлица, а неколку години подоцна била апсена поради поседување хероин и кокаин.

Во 1997 година предизвикала уште еден инцидент кога, според сопственото сведоштво, му удрила шлаканица на службеник во американската амбасада во Франција. Таа подоцна тврдеше дека по инцидентот седум години не ѝ било дозволено да влезе во САД.

Но една од нејзините најшокантни приказни ја раскажа дури години подоцна. Во телевизиско гостување во 2016 година, Дал тврдеше дека во минатото, додека била под дејство на ЛСД, пробала дел од уво на човечки труп во мртовечница.

И покрај контроверзиите, нејзината актерска кариера трае со децении и зад себе има десетици филмски улоги. Дал повеќепати нагласувала дека парите никогаш не биле главниот мотив при изборот на улогите и дека уметничката слобода ѝ била поважна од финансискиот успех.