ПРВ.мк
Црна Хроника

ВНУК ГО НАПАДНАЛ ДЕДО МУ ВО СКОПСКО: Случајот пријавен во полиција

ВНУК ГО НАПАДНАЛ ДЕДО МУ ВО СКОПСКО: Случајот пријавен во полиција

Случај на семејно насилство бил пријавен во СВР Скопје, откако 68-годишен жител на скопскиот регион пријавил дека бил физички нападнат од својот внук.

Според информациите, настанот се случил на 23 септември околу 18:00 часот во домот на 68-годишниот маж.

Тој пријавил дека физички бил нападнат од неговиот 46-годишен внук.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.