ПРВ.мк
Црна Хроника

Имотен спор прераснал во напад, три лица повредени со остар предмет

Имотен спор прераснал во напад, три лица повредени со остар предмет

Соседски спор поради нерасчистени имотно-правни односи во Скопје завршил со физичка пресметка во која три лица биле повредени со остар предмет.

Како што информира МВР, на 23 септември околу 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот Ј.Ј. од Скопје.

Според пријавеното, на нападот му претходела расправија поради нерасчистени имотно-правни односи. Потоа Ј.Ј. во домот на својот 38-годишен сосед А.Ш. го нападнал со остар предмет.

Во инцидентот биле повредени А.Ш., неговата сопруга Ѓ.У., како и нивната сосетка Д.Д., која се обидела да ги раздели.

Во врска со случајот бил приведен и А.Ш., со кого полицијата извршила службен разговор.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.