ПРВ.мк
Свет

Возите 20 км/ч над дозволеното? Kазната би можела да биде 200 евра

Возите 20 км/ч над дозволеното? Kазната би можела да биде 200 евра

Италија подготвува промени во начинот на казнување на возачите кои ги надминуваат ограничувањата на брзината, а според предложениот модел, казната би можела да достигнува до 10 евра за секој километар на час над дозволеното.

Тоа значи дека висината на казната директно би зависела од тоа за колку километри на час е пречекорена дозволената брзина.

На пример, на автопат каде што ограничувањето е 130 км/ч, возење со 140 км/ч според предложениот модел би можело да донесе казна од околу 100 евра. При 150 км/ч казната би достигнала околу 200 евра, додека за 170 км/ч би можела да изнесува дури 400 евра.

Сепак, важно е да се нагласи дека овие правила сè уште не се во сила. Станува збор за предлог за измени, а во моментов во Италија продолжува да се применува постојниот систем на казнување.

Според предвидената процедура, измени на предлогот ќе може да се доставуваат до 13 септември, а конечниот текст треба да биде усвоен до 14 октомври 2026 година. Дури тогаш ќе биде познато дали моделот со казна до 10 евра за секој километар над ограничувањето навистина ќе почне да се применува.

Во меѓувреме, контролата на италијанските автопати веќе е засилена преку системот Tutor 3.0, кој не ја мери брзината само во една точка, туку ја пресметува просечната брзина на возилото меѓу две контролни точки.

Практично, тоа значи дека краткото забавување пред камерата, а потоа повторното забрзување, не е доволно за да се избегне евидентирањето на прекршокот.