ПРВ.мк
Црна Хроника

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен платен убиец од Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен платен убиец од Македонија

Српската полиција во Прибој уапсила државјанин на Македонија под сомнение дека пристигнал во Србија со задача да изврши нарачано убиство, објавува српски „Телеграф“.

Според информациите на медиумот, акцијата била спроведена брзо откако полицијата добила оперативни сознанија дека на подрачјето на Прибој се наоѓа лице поврзано со организиран криминал.

Српскиот медиум наведува дека осомничениот во полициските евиденции се води како платен убиец кој наводно работи за Кавачкиот клан, а се поврзува и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан од Будва.

Засега не е познато кој требало да биде цел на наводно планираната ликвидација во Прибој, ниту колку пари биле договорени за нејзино извршување. Според неофицијалните информации што ги пренесува „Телеграф“, станувало збор за значителна сума која наводно била исплатена однапред.

По добиените информации, силни полициски сили го блокирале теренот и започнале акција во Прибој. Истрагата треба да утврди кој бил потенцијалната цел, но и дали осомничениот имал логистичка поддршка по влегувањето во Србија.

Осомничениот е задржан до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство.