ПРВ.мк
Балкан

Капачите се разбегаа кога хеликоптер слета на плажа – полицијата потоа уапси патник

Капачите се разбегаа кога хеликоптер слета на плажа – полицијата потоа уапси патник

Несекојдневна сцена предизвикала вознемиреност на грчкиот остров Спецес, откако хеликоптер слетал среде плажа полна со капачи, а набргу потоа еден од патниците бил уапсен.

Инцидентот се случил во областа Зогерија, каде што хеликоптерот се спуштил во непосредна близина на туристите. Слетувањето кренало големо количество прашина и песок, поради што присутните почнале да се тргаат од плажата.

Полицијата пристигнала за да ги утврди околностите под кои хеликоптерот слетал на плажата, но случајот добил неочекуван пресврт.

Според достапните информации, полицаец наводно забележал еден од патниците како фрла кеса за која постои сомнение дека содржела дрога, по што мажот бил уапсен.

Станува збор за грчки државјанин, кој во моментот бил во друштво на странска државјанка. Засега нема официјални информации за видот и количината на пронајдената супстанција, ниту дали жената била приведена.

Во случајот се вклучило и обвинителството. Обвинител од Пиреја побарал од полицијата да му биде доставен материјалот собран во рамките на прелиминарната истрага.

Сличен случај во Грција имаше и претходно ова лето, кога хеликоптер слета на познатата плажа Саракинико на островот Милос, по што патниците заминале да пливаат.

Новиот инцидент повторно го отвори прашањето за безбедноста на капачите и слетувањето хеликоптери на популарни туристички плажи.