Два германски града, Мајнашаф и Ашафенбург, се соочуваат со вонредна состојба поради опасен облак од гас кој поминал над населбите. Жителите се повикани да останат во затворен простор, да ги затворат прозорците и вратите и да ги исклучат вентилационите и климатизациските системи.
Федералната канцеларија за цивилна заштита предупредува дека облакот може да биде токсичен. Властите ги советуваат граѓаните да се грижат за децата и ранливите лица и да ги следат упатствата на полицијата и пожарникарите.
Причината за инцидентот во фабриката и опфатот на облакот сè уште не се познати, додека поголемиот град Франкфурт се наоѓа на северозапад од погодените области.
Видео:















