ПРВ.мк
Свет

НОВИ РАКЕТИ ЗА УКРАИНА: Макрон вети забрзана испорака по рускиот напад - дали ова ќе биде крајот на војната?

НОВИ РАКЕТИ ЗА УКРАИНА: Макрон вети забрзана испорака по рускиот напад - дали ова ќе биде крајот на војната?

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција ќе ја забрза испораката на ракети за противвоздушна одбрана за Украина, по смртоносниот руски напад врз трговски центар во Кривји Рих.

Макрон по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Париз ќе ја зајакне поддршката за Киев преку дополнителни средства за пресретнување на руските воздушни напади. Тој истакна дека и останатите земји кои располагаат со соодветни капацитети треба да се вклучат во напорите за зајакнување на украинската воздушна одбрана.

Франција планира да го забрза распоредувањето на системот SAMP/T во Украина, како и испораката на ракети за пресретнување. На Киев ќе му биде овозможено и лиценцирано производство на вакви ракети. Дополнително, Париз најави забрзување на испораката на крстосувачки ракети со долг дострел SCALP и друга воена опрема.

Макрон најави и дека сојузниците на Украина ќе разговараат за дополнителни мерки за зголемување на притисокот врз Москва. Состанокот на коалицијата предводена од Франција и Велика Британија е најавен за 24 август во Киев, со учество на лидерите физички и преку интернет.

Во разговорот со Макрон, Зеленски разговарал и за мировните иницијативи и контактите со САД. Според украинскиот претседател, двајцата се согласиле за чекори кои би можеле да отворат нови дипломатски можности.

Најавите од Париз доаѓаат по тешкиот руски напад врз трговски центар во Кривји Рих на 21 август. Според украинските власти, во нападот загинале најмалку 16 лица, а повеќе од 130 биле повредени, меѓу кои 23 деца. Неколку лица сè уште се водат како исчезнати.

Зеленски повторно ги повика западните сојузници да обезбедат дополнителни системи и ракети за противвоздушна одбрана, со цел подобро да се заштитат украинските градови од руските воздушни напади.

Најнови вести