ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ТРАМП СО НОВО ВИРАЛНО ВИДЕО: Стана доктор и ги „лекуваше“ своите најголеми критичари, реакциите веднаш се разгореа!

(ВИДЕО) ТРАМП СО НОВО ВИРАЛНО ВИДЕО: Стана доктор и ги „лекуваше“ своите најголеми критичари, реакциите веднаш се разгореа!

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста, откако на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ објави сатирично видео изработено со помош на вештачка интелигенција, во кое се појавува во улога на лекар што им препишува необична „терапија“ на своите долгогодишни политички противници и јавни критичари.

Во видеото, Трамп е прикажан облечен во бел лекарски мантил со стетоскоп, додека негови „пациенти“ се познати личности кои со години јавно ги критикуваат неговите политики и одлуки. Меѓу нив се актерите Роберт Де Ниро, Едвард Нортон и Џулија Робертс, како и телевизиските личности Рози О’Донел и Вупи Голдберг.

Во една од сцените, верзијата на Роберт Де Ниро создадена со вештачка интелигенција тврди дека поради противењето кон Трамп не можел да јаде, не можел да спие и ги правел несреќни луѓето околу себе.

Видеото се темели на терминот „Трампов синдром“ (TDS), израз што Трамп и неговите поддржувачи често го користат за да ги опишат, според нив, претерано негативните реакции и силната омраза кон него и неговите политики. Треба да се напомене дека овој термин не претставува официјално призната медицинска дијагноза, туку политички и сатиричен израз.

Во видеото, Трамп на шеговит начин тврди дека не е сигурен дали оваа „состојба“ може целосно да се излечи, а како дел од измислениот план за лекување препорачува исклучување на „лажните вести“, молитва и консумирање диетална кока-кола.

Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Меѓу првите што одговорија беше Рози О’Донел, која порача дека нејзиниот став кон Трамп останува непроменет. Таа повторно го нарече американскиот претседател „сериозно болен“ и уште еднаш повика на примена на 25. амандман од Уставот на САД, кој предвидува процедура за утврдување дали претседателот е способен да ја извршува својата функција.

Од Белата куќа, пак, соопштија дека видеото е дел од препознатливиот политички и комуникациски стил на Доналд Трамп. Портпаролот Дејвис Ингл изјави дека претседателот има право да објавува вакви сатирични содржини на своите профили на социјалните мрежи.

ВИДЕО

Најнови вести