ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СЕ УРНА БАЛКОН ВО УЧИЛИШТЕ: Локви крв на местото на настанот, на едно дете му е скршена вилицата!

(ВИДЕО) СЕ УРНА БАЛКОН ВО УЧИЛИШТЕ: Локви крв на местото на настанот, на едно дете му е скршена вилицата!

Најмалку 10 матуранти се повредени денеска во Севастопол на Крим, откако се урна балкон во средно училиште во тој град.

— Според прелиминарните информации, повредени се десет деца кои излегле да се фотографираат — напиша во објава на Телеграм гувернерот Михаил Развожаев, пренесува агенцијата РИА Новости.

Инцидентот се случил на вториот кат од училиштето. Матурантите наводно сакале да скокнат во исто време за така да ги фотографираат, но по скокот едноставно го изгубиле тлото под нозете.

— Традиционално матурантите така се фотографираат. Тек што фотографот се подготвуваше да слика, сè се урна — изјави мајка на еден од матурантите.

Траги од крв се видливи пред влезот во училиштето, а повредите на учениците на возраст од 17 и 18 години се страшни.

— Едно девојче остана без свест. На едно момче му е скршена вилицата, на друго раката... Сите деца побрзаа надвор за да помогнат — изјави очајната мајка.

Гувернерот вети темелна истрага

Развожаев додаде дека службите за итна помош веќе работат на лице место.

— На учениците им е укажана медицинска помош, а повредените се пренесени во болница. Децата се здобија со повреди од различна тежина — додаде тој.

Гувернерот вети дека ќе спроведе темелна истрага, ќе го утврди причинителот за инцидентот и ќе ги преземе сите неопходни мерки. Истражителите веќе покренаа кривична постапка.

Средното училиште „Покришкин“ во селото Кача е едно од најстарите училишта во регионот, а според податоците од октомври 2025 година, во него учат 530 ученици, јавува порталот „Crimea.kp.ru“. По четиригодишна детална реконструкција, училиштето беше свечено отворено во јуни минатата година.

ВИДЕО