Фолк-пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани се огласи по шокантниот инцидент на свадба, каде што гостин го каснал за стомакот додека настапувал, по што завршил во болница.
Ѓани откри дека ситуацијата започнала како шега и забава, но за неколку секунди се претворила во вистинска драма.
„Добро сум, имам мал завој овде. Ме касна еден мој познаник. Сè почна како шега и зафрканција, а потоа тој скокна и ме касна. Тука имав голема бенка, а бидејќи неодамна имав и стентови и пијам лекови за разредување на крвта, ми откина пола бенка и бев целиот во крв“, раскажал пејачот.
Тој признал дека во првиот момент помислил дека е прободен.
„Крв имаше на сите страни. Гледав и мислев дека некој ме избодел. Фала му на Бога, сега само треба да заздрави“, изјавил Ѓани.
Пејачот открил дека по инцидентот примил и две вакцини против тетанус, а целата ситуација за него била уште почудна бидејќи, како што вели, цел живот имал страв од кучиња.
„Навистина се плашам од кучиња. Кога ќе видам куче на улица, бегам да не ме касне, а на крај ме касна човек“, рекол низ смеа фолкерот.
Тој објаснил дека човекот што го каснал го познава со години и дека инцидентот не бил намерен.
„Го знам цел живот од Париз. Нему му беше многу криво, не сакаше да дојде до тоа. Јас велам — уште гром да ме удри. Секоја година некој малер“, додал Ѓани.
Пејачот открил и дека неговата сопруга Слаѓа Трајковиќ била многу вознемирена кога слушнала што се случило.
„Слаѓа многу се исплаши. Кога некој ќе ја побара за мене, веднаш мисли на најлошото. Јас ѝ велам дека никого не навредувам, не се мешам каде што не ми е место, не должам пари и не се коцкам. Го намалив и пиењето — по една-две чаши вино“, изјавил пејачот.







