ПРВ.мк
Свет

Новиот лидер на Иран се огласи со силна порака!

Новиот лидер на Иран се огласи со силна порака!

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, испрати нова порака до иранската јавност и државниот врв, осврнувајќи се на безбедносната состојба и предизвиците со кои се соочува земјата по драматичните случувања во регионот.

Во своето обраќање, покрај оддавањето почит на поранешниот претседател кој загина во хеликоптерска несреќа, Хамнеи зборувал и за, како што навел, „тешкиот товар“ што го носи новото раководство во услови на воени и политички тензии.

Според пренесените информации, тој изјавил дека Иран се соочува со сериозни предизвици и дека државните функционери мора активно да работат на решавање на економските проблеми и зачувување на единството во земјата.

„Реалноста на војната става потежок товар на одговорност врз рамената на функционерите на Исламската Република“, порачал Хамнеи во писмената изјава.

Тој исто така им се заблагодарил на граѓаните за, како што навел, „единството на нацијата“, а во пораката се осврнал и на конфликтите и безбедносните закани во регионот.

Особено внимание предизвика фактот што новиот лидер повторно не се појавил јавно, ниту пак било објавено негово видео-обраќање.

Според дел од медиумските извештаи, Моџтаба Хамнеи ретко се појавува во јавноста по нападите и безбедносните закани што ја потресоа иранската власт во изминатиот период.

Во меѓувреме, состојбата во Иран и натаму внимателно се следи од светските медиуми и меѓународната заедница, особено по политичките промени и растечките тензии на Блискиот Исток.