ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Уапсен 24-годишник осомничен за кражба на базна станица на телекомуникациски оператор!

ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Уапсен 24-годишник осомничен за кражба на базна станица на телекомуникациски оператор!

Полицијата во Велес уапсила 24-годишен велешанец осомничен за „тешка кражба“ извршена на базна станица на телекомуникациски оператор.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, станува збор за И.В. (24), кој бил лишен од слобода вчера околу 11:40 часот во Велес.

Полицијата го сомничи дека извршил кражба на опрема и предмети од базна станица на телекомуникациски оператор, при што била причинета материјална штета.

По преземените мерки и активности, дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.