ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ОГНЕНА СТИХИЈА СЕ ЗАКАНУВА КАЈ АНТАЛИЈА: Хеликоптери и авиони испратени во борба со огромниот пожар!

(ВИДЕО) ОГНЕНА СТИХИЈА СЕ ЗАКАНУВА КАЈ АНТАЛИЈА: Хеликоптери и авиони испратени во борба со огромниот пожар!

Голем шумски пожар избувна во близина на турскиот туристички град Анталија, а стотици пожарникари и воздухопловни екипи се борат со пламените јазици кои се шират низ шумската област.

Огнената стихија се појавила во реонот на населбата Узумлу, а причината за избувнувањето засега не е позната. Веднаш по пријавата, на местото пристигнале екипи на Регионалната дирекција за шумарство во Анталија и противпожарните служби, кои започнале акција за спречување на понатамошното ширење на пожарот.

Во гаснењето се вклучени големи ресурси – шест хеликоптери, три авиони за гаснење пожари, 14 противпожарни возила, пет цистерни со вода, две интервентни возила и 135 припадници на шумските служби.

Надлежните информираат дека борбата со огнот продолжува и од воздух и од земја, но силниот ветер дополнително ја отежнува ситуацијата и создава ризик пожарот брзо да се прошири на нови подрачја.

Пожарот кај Анталија доаѓа во период кога повеќе европски земји се соочуваат со сериозни шумски пожари. Во последните денови големи огнени фронтови се активни и во Шпанија, Италија и Франција.

Во Шпанија, пожарите во делови од Авила, Мадрид и Толедо доведоа до евакуација или изолација на околу 90.000 луѓе. Особено тежок е пожарот во областа Авила, кој според тамошните медиуми е меѓу најголемите во поновата историја на земјата, со десетици илјади уништени хектари шума.

Иако во некои региони е забележано одредено подобрување, пожарникарите предупредуваат дека опасноста сè уште не е надмината. Силните ветрови и високите температури продолжуваат да бидат најголем предизвик за екипите кои се борат со огнените стихии.

ВИДЕО