ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) КРВАВ НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Малолетник со нож повреди повеќе лица, итно уапсен – хеликоптери слетаа на местото!

(ВИДЕО) КРВАВ НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Малолетник со нож повреди повеќе лица, итно уапсен – хеликоптери слетаа на местото!

Вистинска драма се одвивала денеска во средно училиште во баварскиот град Шонгау, Германија, каде 16-годишен тинејџер со нож нападнал повеќе лица, при што четири лица се повредени, а две девојчиња се здобиле со тешки повреди.

Според информациите од германската полиција, нападот се случил околу 13 часот во училишната зграда во Шонгау, град во Горна Баварија со околу 12.000 жители.

По инцидентот, полициските екипи брзо интервенирале и го привеле осомничениот 16-годишник, кој бил уапсен кратко по нападот.

Надлежните засега не соопштуваат што го предизвикало нападот, ниту откриваат повеќе детали за идентитетот на напаѓачот. Истрагата е во тек и треба да ги утврди сите околности под кои се случил инцидентот.

Поради сериозноста на повредите, на местото биле испратени повеќе екипи на итната медицинска помош, а според Автомобилскиот клуб ADAC, дури шест медицински хеликоптери биле ангажирани за транспорт и згрижување на повредените.

Шонгау се наоѓа југозападно од Минхен, а безбедносните служби продолжуваат со увидот во училиштето додека трае истрагата за овој сериозен инцидент.

ВИДЕО