ПРВ.мк
Свет

ЦРН ЕКРАН И ИСТОРИСКО ИЗВИНУВАЊЕ: Државната телевизија јавно призна дека со години лажела

ЦРН ЕКРАН И ИСТОРИСКО ИЗВИНУВАЊЕ: Државната телевизија јавно призна дека со години лажела

Унгарската државна телевизија објави дека привремено ќе ја прекине информативната програма, придружувајќи ја одлуката со јавно извинување за долгогодишното известување.

На екранот на каналот М1 беше прикажана порака:

„Јавните медиуми не смеат да лажат. Сепак, се извинуваме што тоа го правевме долги години.“

Според соопштението, информативната програма нема да се емитува сè додека јавните медиуми не бидат реорганизирани во, како што е наведено, „независни и веродостојни“.

Локалните медиуми објавија дека неколку уредници на државната телевизија и радиото веќе добиле откази.

Овие промени следуваат по предизборните ветувања на новиот унгарски премиер Петер Маѓар, кој најави темелна реформа на јавниот медиумски сервис и прекин со, како што ја нарече, пропагандната политика од времето на неговиот претходник Виктор Орбан.

Според најавите, телевизискиот канал М1 ќе продолжи да емитува програма, но засега без информативни емисии, додека трае процесот на реорганизација на јавниот сервис.