ПРВ.мк
Свет

ТРАГЕДИЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ НА УКРАИНА: Руски напади однесоа осум цивилни животи - ова е следната цел на Русија!

ТРАГЕДИЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ НА УКРАИНА: Руски напади однесоа осум цивилни животи - ова е следната цел на Русија!

Најмалку осум цивили загинаа, а повеќе од десетина луѓе се ранети во руски напади на повеќе места низ Украина, соопштија украинските власти.

Во текот на ноќта, руски беспилотни летала погодиле станбена област во Запорожје, при што загинале две лица, а едно било повредено. Информацијата ја соопшти началникот на регионалната управа Иван Федоров.

Напади биле регистрирани и во Криви Рих, каде што, според локалните власти, загинало едно лице, а тројца биле ранети.

Украинските власти продолжуваат со проценка на последиците од нападите и со утврдување на обемот на причинетата материјална штета.

Најнови вести