ПРВ.мк
Балкан

САД ПОВЛЕКОА ГОЛЕМ ФИНАНСИСКИ ПОТЕГ: Албанија добива заем од 302 милиони долари - еве за какво оружје ќе ги употребат!

САД ПОВЛЕКОА ГОЛЕМ ФИНАНСИСКИ ПОТЕГ: Албанија добива заем од 302 милиони долари - еве за какво оружје ќе ги употребат!

Американската Агенција за одбранбено-сигурносна соработка (DSCA) официјално го објави договорот со кој на Албанија ѝ се обезбедува директен заем од 302 милиони долари во рамки на американската програма за странско воено финансирање (FMF).

Според DSCA, средствата се наменети за модернизација на албанските вооружени сили и зајакнување на капацитетите на земјата за придонес во заедничката безбедност на НАТО.

Договорот е реализиран во соработка со американскиот Стејт департмент, а американските власти наведуваат дека заемот ќе ѝ овозможи на Албанија пристап до финансирање со ниски трошоци и флексибилни услови за унапредување на нејзините одбранбени способности.

Предвидено е средствата да се користат за набавка на опрема и услуги од американската одбранбена индустрија. Со тоа, покрај модернизацијата на армијата, треба да се зголеми и интероперабилноста на албанските вооружени сили со силите на останатите сојузници во НАТО.

По официјалното објавување на договорот се огласи и албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи, кој го оцени финансирањето како уште еден показател за довербата што Соединетите Американски Држави ја имаат кон Албанија.

„Ова е повеќе од финансирање. Тоа е доверба, стратешко партнерство и инвестиција во безбедноста на иднината“, изјави Нуфи.

Тој посочи дека заемот од 302 милиони долари ќе помогне во модернизацијата на албанските вооружени сили, но и во зголемувањето на придонесот на Албанија кон заедничката безбедност во рамките на НАТО.