Министерството за здравство упати јавна благодарност до д-р Игор Мерџаноски, д-р Александар Димитроски и целиот тим на ТОАРИЛУЦ, како и до д-р Кире Јоноски и медицинските работници од болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за брзата реакција, одличната координација и посветеноста во грижата за пациентот.

Од Министерството посочуваат дека навремената подготвеност за одговор на итна потреба претставува пример за професионалност, хуманост и одговорност во здравствениот систем.
„Соработката меѓу здравствените установи овозможува специјализираната помош да стигне таму каде што е најпотребна“, велат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека зад секоја навремена реакција стојат здравствени работници кои со своето знаење, искуство и ангажман можат да направат значајна разлика за пациентите.

„Ви благодариме што пациентот го ставате на прво место!“, порачаа од Министерството.









