Двајца малолетници биле физички нападнати од неколку други малолетни лица кај Градскиот парк во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 12.09.2026 година во 02:40 часот. Според пријавеното, нападот се случил во близина на Градскиот парк, при што двајцата малолетници биле нападнати од група други малолетници.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.








