ПРВ.мк
Свет

СО КОМБИ УДРИЛ ТРИ ОВЦИ, ПА ЗАВРШИ НА СУД: Македонец ќе одговара пред за бизарен инцидент!

СО КОМБИ УДРИЛ ТРИ ОВЦИ, ПА ЗАВРШИ НА СУД: Македонец ќе одговара пред за бизарен инцидент!

Македонски државјанин ќе се соочи со судска постапка во Италија поради инцидент во кој со комбе удрил три овци што се движеле по патот кон неговиот дом. Две од животните угинале веднаш по ударот, додека третата овца била тешко повредена и подоцна морала да биде усмртена.

Случајот се случил на 25 април 2023 година на улицата Виа Белведере во Касале сул Силе, а за него известуваат локалните италијански медиуми.

Според обвинението, стадото се движело по патот кој водел кон куќата на обвинетиот. Тој, наводно, бил изнервиран бидејќи овците му го попречувале минувањето и не можел да продолжи со возилото.

Според наводите во обвинението, 36-годишниот македонски државјанин му се обратил на сопственикот на стадото со зборовите дека треба да ги тргне овците бидејќи мора да помине, при што наводно му се заканил дека ќе ги убие сите.

Набргу потоа, обвинетиот го стартувал комбито „Фолксваген Кеди“ и удрил три овци. Две од нив угинале на самото место, додека третата останала со тешки повреди. Поради сериозноста на повредите, животното подоцна било усмртено.

По инцидентот, возачот не застанал на местото и продолжил да се движи со комбито. Сепак, сопственикот на стадото успеал да ја запомни, односно да ја запише регистарската табличка на возилото.

Токму преку регистарската ознака истражителите успеале да стигнат до сопственикот на комбито. Возилото било регистрирано на 26-годишен роднина на осомничениот, поради што во почетната фаза од постапката и тој бил опфатен со истрагата.

На прелиминарното рочиште, сепак, било утврдено дека 26-годишниот сопственик на возилото воопшто не бил присутен во моментот кога се случил инцидентот. Поради тоа, тој бил ослободен од понатамошната постапка.

Пред суд сега ќе се појави 36-годишниот македонски државјанин. Тој е обвинет за убивање туѓи животни, како и за упатување закана кон сопственикот на стадото.

Предметот веќе поминал низ прелиминарното рочиште, а почетокот на судењето е закажан за јуни 2028 година. До тогаш, обвиненијата против македонскиот државјанин ќе бидат предмет на судска постапка во Италија.