ПРВ.мк
Балкан

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ГО СТРЕСЕ ГРАДОТ: Дел од стара зграда се урна, оштетени и автомобили!

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ГО СТРЕСЕ ГРАДОТ: Дел од стара зграда се урна, оштетени и автомобили!

Силна експлозија рано утрово предизвика уривање на дел од стара двокатна зграда во населбата Плака, во самиот центар на Атина. Во инцидентот е полесно повреден еден случаен минувач, додека причините за експлозијата засега не се официјално утврдени.

Според информациите на грчката противпожарна служба, постои можност експлозијата да била предизвикана од истекување природен гас, но оваа верзија сè уште не е официјално потврдена и истрагата продолжува.

Експлозијата се случила кусо пред 8 часот утрово во Плака, во строгиот центар на Атина. Била толку силна што се слушнала и во поширокиот дел од градот.

По експлозијата избувнал и мал пожар, поради што на терен веднаш биле испратени противпожарни екипи. Според грчката противпожарна служба, интервенираат 16 пожарникари со шест противпожарни возила, како и специјално возило за спасување. Во акцијата помагаат и екипи на општината.

Уривањето на дел од објектот предизвикало материјална штета и во неговата околина, при што биле оштетени и неколку паркирани автомобили.

Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата и проверките на местото, додека се утврдува што точно ја предизвикало силната експлозија.