Патникот Данте Милн (25), уапсен откако порака за киднапирање доведе до враќање на авионот на „Јунајтед“ во Лас Вегас, им рекол на полицајците дека се шегувал со колега и ја негирал наместата на некому да му наштети, се наведува во полицискиот извештај.
Авионот што летал кон Њуарк во Њу Џерси се вратил во Лас Вегас во саботата навечер, откако стојуардесата забележала СМС порака што содржела закана за киднапирање и рушење на авионот, пренесе АБЦ.
Милн е обвинет за закана или давање лажни информации во врска со терористички акт. Неговиот адвокат Џејмс Гало изјави дека неговиот клиент планира да се изјасни за невин.
Според полицискиот извештај, Милн рекол дека пораката била неспретно формулирана шест [шега] помеѓу колеги.
Навел и дека пред летот конзумирал пиво и жестоки пијалаци на аеродромот и дека намерата му била да спие за време на летот.






