ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ И ХОРОР ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА: Истраги за можно сексуално злоставување во над 80 градинки и училишта!

СКАНДАЛ И ХОРОР ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА: Истраги за можно сексуално злоставување во над 80 градинки и училишта!

Голема афера ја потресе Франција откако властите отворија широка истрага за можни случаи на сексуално насилство и несоодветно однесување кон деца во образовни установи во Париз. Случајот предизвика силна вознемиреност во јавноста, особено по информациите дека под истрага се десетици градинки и училишта.

Француската полиција го проширила процесот на истрага откако бил продолжен притворот за 16 лица вработени во образовниот систем. Осомничените, кои се на возраст од 18 до 68 години, работеле во државното основно училиште „Сен Доминик“ во седмиот арондисман во Париз.

Истражителите ги испитуваат поради сериозни сомнежи за сексуално насилство, непримерно однесување и други дела поврзани со злоупотреба на деца. Француското обвинителство соопшти дека истрагата повеќе не е ограничена само на едно училиште, туку опфаќа многу поширока мрежа на образовни институции.

Според официјалните информации, проверките сега се водат во дури 84 градинки и околу 20 училишта во Париз. Само од почетокот на годината биле суспендирани 78 вработени во градските установи, а кај 31 од нив постојат сомнежи поврзани со сексуално насилство.

Случајот доби уште поголемо внимание откако францускиот весник „Паризиен“ објави нови детали за еден наставник кој во 2025 година бил обвинет за злоставување на тројца малолетници. Според информациите на медиумот, истиот наставник и претходно бил приведуван поради слични пријави што доаѓале од други училишта, но и покрај тоа продолжил да работи во образовниот систем.

Француската јавност бара одговори како е можно лицата против кои имало претходни сомнежи повторно да бидат ангажирани во установи каде што престојуваат деца. Во меѓувреме, истражните органи продолжуваат со испрашувања, собирање докази и проверка на евентуални нови случаи.

Аферата предизвика силни реакции низ целата земја, а родителите бараат итни мерки и поголема контрола во образовните институции за да се спречат вакви случаи во иднина.