Голем пожар зафати хотел во тајландскиот град Патаја, кој е многу популарен меѓу туристите, додека луѓето, според наводите на службите, останале заробени внатре. Снимките кои ги објави Противпожарната и спасувачка служба на Тајланд прикажуваат екипи како се борат со голем пламен во внатрешноста на зградата.
Сè уште не е познато колку луѓе не успеале да избегаат од пожарот, но службите за вонредни состојби соопштија дека голем број туристи се евакуирани. Властите исто така соопштија дека има неколку жртви како последица на вдишување чад.
„Многу луѓе беа заробени во зградата. Пожарникарите беа на пат да ги спасат и се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Многу туристи се евакуираат од хотелската зграда. Многу луѓе се засегнати од чадот“, наведува Противпожарната служба.









