Изминатиов викенд, East Gate Mall беше местото каде што се споија младите луѓе со визија и компаниите подготвени да понудат реални можности за нов почеток.

Настанот во организација на KARIERA.mk помина во одлична атмосфера, со голем интерес, позитивна енергија и бројни директни средби меѓу кандидатите и работодавачите. Посетителите имаа можност одблиску да разговараат со компании, да се претстават, да постават прашања и да направат чекор поблиску до својата следна работа.


Од првото ракување, до успешните интервјуа и новите контакти, настанот уште еднаш покажа колку се важни ваквите кариерни платформи за младите, но и за компаниите кои бараат мотивирани и квалитетни луѓе.


KARIERA DAYS помина во најдобар ред и остави силен впечаток како успешен, позитивен и инспиративен настан, кој отвори нови можности и потврди дека вистинската врска меѓу кандидатите и работодавачите се создава токму преку директна комуникација.
KARIERA.mk упатува благодарност до сите посетители, компании и партнери кои беа дел од оваа успешна приказна.







