ПРВ.мк
Балкан

ИСЧЕЗНА 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ: Им рекла добра ноќ на бабата и тетката, отишла во соба, па ѝ се изгуби секоја трага - семејството моли за помош!

ИСЧЕЗНА 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ: Им рекла добра ноќ на бабата и тетката, отишла во соба, па ѝ се изгуби секоја трага - семејството моли за помош!

Девојчето Елена Јусеинов (12) од Качарево исчезна синоќа. Апелите за нејзино пронаоѓање се споделуваат на социјалните мрежи, а тетката која се грижи за неа раскажа дека е многу загрижена, со оглед на тоа што станува збор за дете кое мајката го напуштила кога имало само 6 години.

„Со Елена мора многу да се работи. Јас ѝ ги забранив излегувањата, се трудам да ја изведам на вистинскиот пат. Синоќа околу девет и пол ни посака добра ноќ на мене и на баба ѝ и отиде да спие. Рече и дека ги спакувала работите за на училиште. Оттогаш ја немаме видено, а ранчето го земала со себе“, раскажува тетката на исчезнатото девојче.

Како што истакнува таа, телефонот неодамна ѝ го одземала како казна, а сега го носи во полициска станица, надевајќи се дека тоа може да помогне.

Опис на девојчето:

  • Возраст: 12 години
  • Висина: околу 155 сантиметри
  • Градба: слаба
  • Коса: црна
  • Облека во моментот на исчезнувањето: црна маица, црни фармерки, папучи „Nike“ и сино-виолетово ранче.

Секој кој ја видел или ќе ја види Елена, нека се јави ИТНО во полиција.

Најнови вести