ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ПАНИКА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Ајкула снимена на само неколку метри од капачите!

(ВИДЕО) ПАНИКА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Ајкула снимена на само неколку метри од капачите!

Вистинска драма се случила на плажа во близина на Атина, откако туристи и локални жители забележале ајкула како плива во плиткото море, на само неколку метри од капачите. Неочекуваната сцена предизвикала шок, паника и големо внимание меѓу присутните, а снимките брзо се прошириле на социјалните мрежи.

Инцидентот се случил во приморското место Аспри Спити, во момент кога плажата била преполна со луѓе кои уживале во сончевото време и морето. Според очевидци, ајкулата се движела многу блиску до брегот, поради што дел од капачите веднаш излегле од водата.

И покрај вознемиреноста кај присутните, според првичните информации, животното не покажувало агресивно однесување. По кратко време ајкулата се оддалечила кон подлабоките делови од морето, а ситуацијата се смирила.

Грчките медиуми пренесуваат дека најверојатно станува збор за млада сина ајкула, вид кој природно живее во Средоземното Море. Експертите објаснуваат дека овие ајкули ретко се доближуваат толку блиску до брегот, но тоа може да се случи во потрага по храна, особено во потоплите летни месеци.

Според познавачите, нападите од ајкули во овој дел од Медитеранот се многу ретки, а ваквите појави најчесто завршуваат без опасност за луѓето. Сепак, снимката од ајкулата во близина на капачите предизвика голем интерес и бројни реакции на интернет.

ВИДЕО

Најнови вести