ПРВ.мк
Свет

Што се случи над Москва? Силен тресок одекна низ главниот град, властите се огласија

Што се случи над Москва? Силен тресок одекна низ главниот град, властите се огласија

Силен тресок, кој многумина го опишале како експлозија, денеска околу 11 часот по локално време бил слушнат во повеќе делови на Москва и Московската област, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Според руските медиуми, бројни жители пријавиле дека го слушнале моќниот звук, а дел од жителите во населбата Конјково изјавиле дека почувствувале и ударен бран.

Првичните информации укажуваат дека нема опасност за населението. Како најверојатна причина се споменува авион кој ја пробил звучната бариера над Московската област.

Од руското Министерство за вонредни состојби соопштиле дека се запознаени со случајот и дека на терен не се забележани чад, пожар или други траги што би укажувале на експлозија.

Засега надлежните не објавиле официјална потврда за причината за силниот тресок, а истрагата за настанот продолжува.