ПРВ.мк
Свет

Крвав бунт во затвор во: Десетици загинати и повеќе од 100 повредени

Крвав бунт во затвор во: Десетици загинати и повеќе од 100 повредени

Во затворите во Шри Ланка избувна сериозно насилство, при што во последните денови се регистрирани крвави судири меѓу затвореници. Според властите, во инцидентите има загинати и голем број повредени, додека безбедносните сили работат на целосно стабилизирање на ситуацијата.

Најтежок бил инцидентот во затворот Негомбо, каде што судири меѓу затвореници поврзани со ривалски криминални групи завршиле со најмалку 26 загинати и повеќе од 100 повредени лица, меѓу кои и затворски службеници.

Надлежните наведуваат дека дел од насилството било поврзано со пресметки меѓу групи кои се поврзуваат со трговија со дрога. По интервенција на полицијата и специјалните единици, состојбата била ставена под контрола.

Настаните повторно го насочија вниманието кон долгогодишните проблеми во затворскиот систем на Шри Ланка, каде што со години се предупредува на пренатрупаност и недоволни капацитети.

Од Обединетите нации оценија дека трагедијата ја покажува потребата од подобрување на условите во затворите, зголемување на безбедноста и подобра заштита на лицата лишени од слобода.

Властите најавија дополнителни безбедносни мерки и детална истрага која треба да утврди како дошло до ескалацијата на насилството.