ПРВ.мк
Свет

ШОК ОБЈАВА НА ТРАМП НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ: „Прекинуваме од крајот на оваа година, нема повеќе“

ШОК ОБЈАВА НА ТРАМП НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ: „Прекинуваме од крајот на оваа година, нема повеќе“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави денеска дека со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнал договор според кој Вашингтон од крајот на оваа година повеќе нема да обезбедува финансиски средства за Израел.

— Кога станува збор за плаќањето на Израел, Биби Нетанјаху и јас постигнавме договор да му даваме на Израел четири милијарди долари годишно, а пред неколку месеци се договоревме тоа да го прекинеме — изјави Трамп за „Фокс њуз“ (Fox News).

Трамп наведе дека веќе е договорено САД да го прекинат финансирањето на Израел до крајот на оваа година.

— Сега ќе му помогнеме на Израел доколку му биде потребна помош — додаде Трамп.

САД му имаат обезбедено на Израел вкупно околу 175 милијарди долари помош од 1946 година, од кои најголемиот дел бил наменет за воена поддршка.

Според важечкиот десетгодишен договор за периодот од 2019 до 2028 година, САД му издвојуваат на Израел 3,8 милијарди долари годишно, вклучувајќи 3,3 милијарди долари воена помош и 500 милиони долари за противракетна одбрана.

Трамп ја објави одлуката на денот на изборите за Конгресот

Да потсетиме, во САД денеска се одржуваат меѓуизбори на кои граѓаните на таа земја избираат 435 членови на претставничкиот дом, 35 од 100 членови на Сенатот и 39 гувернери во 36 сојузни држави и три американски територии.

Изборите за Конгресот ќе одредат која партија ќе го контролира Конгресот во наредните две години, додека гувернерските позиции и изборите за државните zakonodavni тела ќе го обликуваат донесувањето политики поблиску до домот, од образованието и репродуктивните права до оданочувањето и спроведувањето на изборите.