ПРВ.мк
Балкан

ИЗБРАНА БАНКАТА КОЈА ЌЕ ИМ ГИ ИСПЛАЌА ПАРИТЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ВО АЛТА БАНКА: Еве кој има право на до 50.000 евра!

ИЗБРАНА БАНКАТА КОЈА ЌЕ ИМ ГИ ИСПЛАЌА ПАРИТЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ВО АЛТА БАНКА: Еве кој има право на до 50.000 евра!

Банка Поштенска штедилница (Banka Poštanska štedionica) е избрана за банка преку која ќе бидат исплатени осигурените депозити на клиентите на АЛТА банка, над која Стопанскиот суд во Белград отвори стечајна постапка, објави Агенцијата за осигурување на депозити (АОД). Право на исплата имаат физички лица, претприемачи, како и микро, мали и средни правни лица, до осигурениот износ од 50.000 евра по депонент во банката.

Официјално затворена АЛТА банка, се огласи Стопанскиот суд! Исплатата на депозитите започнува за 7 дена

Точниот датум за почеток на исплатата и списокот на експозитури на Поштенска штедилница во кои клиентите ќе можат да ги подигнат парите, Агенцијата ќе ги објави до петок, 6 ноември, на својата веб-страница.

Поштенска штедилница е одредена за банка исплатувач со одлука на Управниот одбор на Агенцијата, која е именувана за стечаен управник на АЛТА банка.

Кој има право на исплата на парите?

Како што соопшти АОД, со системот за осигурување на депозити заштитени се влоговите на граѓаните, претприемачите и микро, малите и средните правни лица, независно од валутата или видот на сметката во банката.

Максималниот осигурен износ е 50.000 евра по депонент во АЛТА банка. Тој лимит се однесува на вкупниот осигурен износ, а не на секоја сметка поединечно.

„На сите осигурени лица ќе им биде овозможен пристап до средствата што ги чувале во АЛТА банка преку банката исплатувач – Банка Поштенска штедилница. Динарските влогови ќе се исплаќаат во динари, а девизните во евра“, наведува Агенцијата.

Кога започнува исплатата и колку долго можат да се подигнат парите?

Агенцијата е должна да започне со исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена од отворањето на стечајната постапка. Депонентите ќе можат да ги преземат своите осигурени износи во рок од три години.

Деталите за датумот на почетокот на исплатата и достапните експозитури ќе бидат објавени на веб-страницата на АОД, а Агенцијата најави дека клиентите занатамошната постапка ќе бидат известувани и преку медиумите.

АОД: Име доволно пари за исплата

Фондот за осигурување на депозити располага со доволно пари за исплата на сите осигурени износи на депонентите на АЛТА банка, истакна Агенцијата.

Како што е наведено, сите нејзини оперативни капацитети се ставени во функција за што поефикасна исплата.

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка на 30 октомври, по спроведените контролни активности и изречената привремена мера, наведувајќи го како цел заштитата на депонентите и другите доверители и спречувањето негативни ефекти врз општеството и стопанството.