ПРВ.мк
Балкан

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ ОД 1 ЈАНУАРИ: Жените ќе мора да работат подолго за да ја остварат пензијата!

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ ОД 1 ЈАНУАРИ: Жените ќе мора да работат подолго за да ја остварат пензијата!

Жените во Хрватска од 1 јануари следната година ќе се соочат со повисоки старосни и стажни услови за остварување на правото на редовна и предвремена старосна пензија. Старосната граница се поместува за дополнителни три месеци, а се зголемува и потребниот пензиски стаж за оние кои сакаат порано да го прекинат работниот однос.

Според официјалните податоци на Хрватскиот институт за пензиско осигурување (HZMO), со новите правила жените ќе можат да остварат право на редовна старосна пензија кога ќе наполнат најмалку 64 години и три месеци, доколку зад себе имаат најмалку 15 години пензиски стаж.

Промени ќе има и кај предвременото пензионирање. Како што пренесува хрватскиот портал „Индекс“, жените кои сакаат да се пензионираат пред да ја достигнат редовната старосна граница ќе треба да исполнат два услови: да имаат најмалку 59 години и три месеци возраст и 34 години и три месеци пензиски стаж.

Тоа значи дека во однос на условите што важат во тековната година, и потребната возраст и пензискиот стаж се зголемуваат за три месеци.

Старосната граница ќе продолжи да расте и во следните години

Постепеното зголемување на условите за пензионирање на жените во Хрватска нема да заврши со претстојните измени. Според проекциите, старосната граница ќе продолжи да се поместува и во наредниот период.

Така, во 2028 година жените ќе треба да имаат најмалку 64 години и шест месеци за да остварат право на редовна старосна пензија, додека во 2029 година границата ќе се зголеми на 64 години и девет месеци.

Промените се дел од постепеното усогласување на условите за пензионирање на жените и мажите во Хрватска. Со секое следно зголемување, жените ќе треба да исполнат повисок старосен услов за заминување во пензија.