ПРВ.мк
Црна Хроника

ШПАНСКИОТ ФУДБАЛ ЗАВИЕН ВО ЦРНО: Почина фудбалерот кој доживеа страшна повреда на натпревар!

ШПАНСКИОТ ФУДБАЛ ЗАВИЕН ВО ЦРНО: Почина фудбалерот кој доживеа страшна повреда на натпревар!

Шпанската фудбалска јавност ја потресе веста за смртта на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој не успеал да ги преживее тешките повреди здобиени за време на натпреварот против Андора.

Фудбалерот роден во Мадрид доживеал сериозен инцидент во самиот финиш на средбата, по судир со голманот на противничкиот тим, Хесус Овоно. Поради тежината на повредите, веднаш била повикана брза помош, а Де Мигел итно бил пренесен во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“.

Тој бил сместен на одделението за интензивна нега, каде што лекарскиот тим се борел за неговиот живот. И покрај укажаната медицинска помош, повредите биле фатални.

Натпреварот бил прекинат во 108. минута

Тешкиот инцидент се случил во судиското продолжение од второто полувреме, при резултат 2:2. По судирот, Де Мигел останал неподвижен на теренот, по што фудбалерите на двата тима веднаш побарале медицинска интервенција.

Медицинските екипи неколку минути му укажувале помош на тревникот, пред да биде изнесен од теренот на носилки.

По сериозноста на ситуацијата, судијата Перез Ернандез ги известил капитените и тренерите дека натпреварот нема да продолжи. Средбата била прекината во 108. минута, додека резултатот во тој момент изнесувал 2:2.

Веста за смртта на фудбалерот предизвикала голема тага во шпанската фудбалска јавност. Од различни страни пристигнуваат пораки со сочувство и поддршка до неговото семејство, соиграчите и сите што го познавале.